Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека тешката и болна евакуација на Американците и десетици илјади други луѓе од Кабул се забрзува и најави можност за продолжување на рокот за напуштање на Авганистан, кој беше постигнат со талибанците, по 31 август.
Бајден ја бранеше својата одлука за прекин на конфликтот и инсистираше на тоа дека излегувањето на сите Американци од Авганистан ќе биде тешко дури и во најдобри можни околности.
Критичарите го обвинуваат Бајден за сериозен пропуст во неговото образложение, бидејќи чекал премногу долго за да нареди почеток на евакуацијата, што стана сериозно комплицирано по неочекувано брзиот пад на владата во Кабул, пренесува АП.
„Евакуацијата на илјадници луѓе од Кабул е тешка и болна, без оглед кога започна. Ќе беше исто ако започневме со евакуација пред еден месец, бидејќи не постои начин да се извлечат толку многу луѓе од Авганистан без страдањата и загубите што ги гледаме на ТВ“, рече Бајден и потврди дека во тек се разговори за потенцијално продолжување на евакуацијата и по истекот на рокот, 31 август.
Сепак, тој изрази надеж дека рокот нема да мора да се продолжи, но исто така најави можност за консултации со талибанците за тоа прашање.