Во текот на посетата, Бајден ќе изврши увид и ќе се запознае со тоа како оди санирањето на штетите од ударот на стихијата, за што претходно нареди да се одвојат пари од федерелниот буџет.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Кентаки врши увид на штетата од катастрофалните торнада што во саботата ја зафатија оваа и неколку други сојузни држави при што усмртија најмалку 74 лица, а околу 100 се водат за исчезнати.
Во текот на посетата, Бајден ќе изврши увид и ќе се запознае со тоа како оди санирањето на штетите од ударот на стихијата, за што претходно нареди да се одвојат пари од федерелниот буџет.
-Денешната порака на претседателот е дека тој и сојузната влада имаат намера да направат се што е потребно и да одделат онолку време колку што е потребно да им се даде секаква поддршка на заедничките усилби за обнова и помош на жителите на Кентаки и останатите настрадани држави-изјави Карин Жан Пјер, заменичка на прес секретарот на Белата куќа.
Портпаролката Џен Псаки синоќа изјави дека Бајден „сака директно да разговара со луѓето и директно да им ја понуди својата поддршка“.
Во саботата силно невреме проследено со серија торнада го зафати југозападниот дел на американската сојузна држава Кентаки, а погоди уште четири сојузни држави. Освен во Кентаки, торнада беа регистрирани во Арканзас, Мисури, Тенеси и Илиноис, предизвикувајќи големи штети. Над 55 милиони лица ширум САД се најдоа во опасност од невремето, а најмалку 157 000 домаќинства останаа без струја.