Пет случаи на африканска свинска чума кај диви свињи во околината на Будимпешта се откриени од страна на Унгарската национална Агенција за безбедност на храна. Случаите на инфекцијата се откриени во област западно од Будимпешта.
Агенцијата за безбедност на храна ги повика сите унгарски фармери да преземат неопходни мерки за да се спречи ширењето на заразата. Десетина европски земји се погодени со африканска свинска чума, а најголем број случаи има во Бугарија и во Романија.