Најмалку 74 лица се уапсени за кршење на прописите за останување во домовите, за време на протестот против карантинот во Мелбурн.
Околу 250 лица присуствуваа на протестот, и покрај тоа што истиот не доби дозвола од надлежните органи.
Демонстрантите игнорирајќи ги забраните за собири на отворено, побараа да се укине карантинот во вториот по големина град во Австралија.
Вкупно 176 лица биле парично казнети поради закани кон полицајците за време на протестот.
Полицискиот час, ограничувањата за посети на домови за стари лица и болници и ограничувањата за патување на повеќе од пет километри од домовите, ќе останат во сила до 26 октомври.