Во 1974 година, романот „Архипелаг Гулаг“ на советскиот нобеловец Александар Солженицин беше објавен во Париз, отако претходно советскиот дисидент ја објавил илегално во Советскиот сојуз. Во 1973 година, советската државна безбедност го запленила ракописот на „Архипелаг Гулаг“, а објавувањето предизвикало рекација од страна на советските власти. Солженицин бил обвинет за предавство, го изгубил советското државјанство и бил протеран од Советскиот сојуз.
„Архипелаг Гулаг“ се оценува како една од највлијателните книги на 20 век. Романот ја истражува присилната работа на дисидентите во логорите од страна на советските власти по Втората светска војна. Најголемиот дел од дисидентите биле невини и биле казнети поради своите политички ставови и критики кон советската власт. Солженицин го напишал делото врз основа на сопственото искуство, тој бил затворен во периодот помеѓу 1945-1953 година.
На Западот преовладувало мислењето дека советскиот диктатор Сталин ја има сета одговорност за присилната работа и нехуманите услови во логорите, а не советските власти. Солженицин образложил дека репресијата во советските логорите своите корени ги имаат во зачетокот на комунистичката држава и владеењето на Ленин.
Поради својата дисиденстка активност и критики насочени кон советската држава, Солженицин бил исклучен од Сојузот на советските пидатели. Според некои истражувања, советската државната безбедност на 8 август 1971 година се обидела да го убие преку користење на непознат агенс. Солженицин преживел, но бил сериозно болен.
Книгите на Солженицин во 70-те и 80-те години на 20 век не биле цензурирано само во Советскиот сојуз, туку и во другите комунистички држави, вклучително и во Југославија.
Хрватскиот писател и филозоф Предраг Матвеевиќ напишал рецензија на „Архипелаг Гулаг“ и ја испратил до „Вјесник“ и „Вечерњи лист“. Првиот весник се извинил бидејќи нема да ја објави рецензијата, а вториот весник не ни одговорил. Отткако не успаеал да ја објави рецензијата, Матвеевиќ успеал да го заинтересира книгоиздателството „Напријед“, но неколку дена подоцна советскиот генерален конзул во Загреб побарал од издавачката куќа да не ја печати книгата под изговор дека станува збор за антисоветска пропаганда. Советскиот конзул извршил притисок и врз членовите на Централнот комитет на КПЈ, со што пропаднал обидот за печатење на „Архипелаг Гулаг“. Романот на Солженицин во Југославија за прв пат бил објавен во 1988 година во Белград, а во Русија во 1989 година.