Моментално најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се најде пред најдобриот фудбалер на планетата, Лука Модриќ во изборот на новинарите за најдобар спортист на Европа за 2018 година, известува МИА. Во гласањето учествуваа 24 новински агенции, а изборот го организираше полската ПАП. За Србинот ова е трето вакво признание, по 2011 и 2015 година.
Пласман и бодови на најдобрите10 спортисти на Европа:
1. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) – 145 поени
2. Лука Модриќ (Хрватска, фудбал) – 132
3. Луис Хамилтон (Велика Британија, Формула 1) – 114
4. Естер Ледецка (Чешка, сноуборд) – 74
5. Мартен Фуркад (Франција, биатлон) – 69
6. Марсел Хиршер (Австрија, алпско скијање) – 67
7. Марит Бјорген (Норвешка, крос-кантри) – 59
8. Антоан Гризман (Франција, фудбал) – 43
9. Кевин Мајер (Франција, атлетика) – 40
10. Симона Халеп (Романија, тенис) – 39
10. Камил Штох (Полска, ски скокови) – 39