Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, според италијанските медуми, утре официјално ќе стане член на Удинезе.
Несторовски пред една недела го договорил својот трансфер на „Дачија арената“ во Удине, но чекаше Фудбалскиот сојуз на Италија да им ги раскине договорите на сите играчи на Палермо со клубот откако Силијанците по административен пат се исфрлени во Серија Д.
Доаѓањето на Несторовски го потврди и директорот на Удинезе, Пјерпаоло Марино.
Македонскиот напаѓач претходните три сезони ги мина во Палермо. За екипата од Сицилија одигра 99 натпревари, на кои постигна 39 гола. Претходно бил играч на Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жишков, Словачко и на Победа Прилеп.
Претходно беше објавено дека тој годишно ќе заработува еден милион евра, а во новиот клуб ќе го носи на грбот бројот 30. Истиот број Несторовски го носеше и во Палермо.
Во новата сезона македонскиот фудбал ќе има тројца репрезенти во Серија А, покрај Несторовски, тука се Горан Пандев (Џенова) и Елиф Елмас (Наполи).