Рускиот интернационален мајстор (ИМ) Вјачеслав Тиличеев (2,493 рејтинг-поени, рангиран прв), македонскиот ИМ Никола Николовски (2.435, рангиран трет), македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ), Тони Лазов (2.414, рангиран 4-ти) и ИМ од Србија Борољуб Златановиќ (2.365, рангиран 5-ти), водат по 3-то коло на меѓународениот шаховски турнир „Опен Скопје 2019“, кој во девет кола се игра во хотелот „Континентал“.

На турнирот кој годинава повторно се обнови со класично темпо на размислување, играат вкупно 77 шахисти (три ВМ, три ИМ, шест ФМ, еден ЖФМ) од Србија, Русија, Белгија, Албанија, Бугарија и од Македонија, за награден фонд од 140.000 денари, од кој победникот ќе биде побогат за 30.000 денари.

Во ова коло пријатно изненадија 15-годишниот Емил Ристески (2.104), кој успеа да ремизира против искуснот ВМ Звонко Станојоски (2.457), а истото го стори и 16-годишниот Матео Ефтовски (1.723) против ВМ Роландо Кутиров (2.308) и обајцата со црни фигури и со многу послаби рејтинзи. Денес од 17.30 часот се игра 4-то коло.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ, 3. КОЛО
ФМ Чела (Албанија, 2.236) – ИМ Тиличеев (Русија, 2.493) 0-1
ВМ Станојоски (Македонија, 2.457) – Ристески (Македонија, 2.104) реми
Ванден (Белгија, 2.074) – ИМ Николовски (Македонија, 2.435) 0-1
ФМ Лазов (Македонија, 2.414) – Главинац (Македонија, 2.069) 1-0
Канов (Бугарија, 2.069) – ИМ Златановиж (Србија, 2.365) 0-1
Димковски (Македонија, 1.921) – ВМ Димитров (Бугарија, 2.285) 0-1
Христовски (Македонија, 2.139) – Ѓорѓевски (Куманово, 1.908) 1-0
Костадиновски (Македонија 1.860) – Тркаљанов (Македонија, 2.125) 1-0
Баткоски (Македонија, 1.858) – ФМ Кралевски (Македонија, 2.119) 0-1
Велкоски (Македонија, 1.63) – Маркоски (Македонија, 1.925) реми
ВМ Кутиров (Македонија, 2.308) – Ефтовски (Македонија, 1.723) реми
ФМ Љ.Илиќ (Македонија, 2.079) – Голубовиќ (Македонија, 1.699) реми

Г.И.