Во периодот 3 до 5 декември во Истанбул, Турција, Европската џудо унија го организира 73 ЕЏУ конгрес. Џудо федерцијата на Македонија на Конгрес ја претставуваат претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски.
Секоја национална федерација, членка на ЕЏУ, може да биде претставена на Конгресот со два делегати, кои мора да бидат членови на Извршниот комитет/одбор на Националната федерација и од иста националност како и Националната федерација. И двајцата имаат право да зборуваат, но само еден од нив ќе има право на глас, бидејќи секоја Национална федерација – членка ќе има единствен глас.


Во периодот на одржување на конгресот беа направени повеќе работни состаноци и договорена меѓусебна соработка со џудо федерациите на соседните држави: Албанија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.
До завршување на конгресот планирано е и одржување на повеќе работни состаноци со дел од претседателите на комисиите при ЕЏУ, на кои состаноци ќе биде разговарано за унапредување на џудо спортот во нашата држава, преку учества на меѓународни едукативни семинари, кампови и натпревари како и организација на едукативни семинати, кампови и натпревари во нашата држава.

Во рамките на активостите кои беа реализирани за време на конгресот на ЕЏУ, претседателот Трпаноски и потпретседателот Антевски беа и дел од свечената церемонија и фамилијарната вечера, тие активно учествуваат во работниот дел од конгресот.