Челниците на светската атлетика потврдија дека и официјално името Интернационална асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) ќе биде заменето со пократок назив, Светска атлетика (СА) и со ново лого.
Себастијан Коу, кој беше реизбран за претседател на ИААФ во втор, четиригодишен мандат, рече дека промената е неопходна за да овој спорт стане попривлечен за младите.
Новото име и логото треба официјално да се користат по Светското првенство (СП), што деновиве се одржува во Доха, главниот град на Катар.
ИААФ е основана во 1912 година како Интернационална аматерска атлетска федерација, но го смени името во Интернационална асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) во 2001 година, за да го одрази неаматерскиот статус на врвните атлетичари.