По ЕП 2019 црвено-жолтите освоија 68 бода и сега се две места погоре на европската листа со вкупно 152 бода

Македонската репрезентација скокна за две места на најновата ранг-листа на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) и сега е на 21-то место. Одличниот настап на неодамна одржаното Европско првенство (ЕП) на Македонија ѝ донесе 68 бода и сега има вкупно 152. На листата Македонија ги престигна Шведска и Белорусија.

На врвот сега Србија е осамен лидер со 292 бода, а потоа следуваат Русија (282), Полска (270), Франција (270), Италија (266), Белгија (260), Словенија (256) итн.
За рангирањето предвид се земени поените освоени на европските првенства годинава и во 2017 година, на Светското првенство во 2018 година, вклучувајќи го и целиот квалификациски циклус, како и на Светската и на Европската лига од 2017 година. Македонија има 68 бода од ЕП 2019, 56 од ЕП 2017 и 28 бода од Европската лига во 2017 година.

На листата има вкупно 44 репрезентации од Европа. ЦЕВ објави дека оваа септемвриска листа е валидна за европските квалификации за пласман на Летните олимписки игри в година во Токио. 


ПЛАСМАН ЗА СЕПТЕМВРИ

1. Србија 292 +0
2. Русија 282 -1
3. Полска 270 +2
3. Франција 270 +0
5. Италија 266 -1
6. Белгија 260 +1
7. Словенија 256 +1
8. Бугарија 246 -2
9. Холандија 232 +0
10. Германија 230 +0
———————————————————————
12. Финска 212 -1
13. Турција 202 +2
19. Грција 170 +1
20. Црна Гора 158 +1
21. Македонија 152 +2
22. Шведска 148 -4
23. Белорусија 134 -1

во првата колона се бодовите, а во втората разликата во пласманот со претходната листа
Извор: ЦЕВ