Претседателот на Интернационалната скијачка федерација, Џанфранко Каспер, призна дека Светскиот куп има премногу трки. Без СП или ЗОИ сезонава, во СК ќе има 44 трки за мажи (на 22 места) и 41 за жени (21), што е пораст од по шест трки за мажи и за жени во споредба со минатата сезона.
– Знам дека не е лесно за спортистите и за некои организатори. Сега сме на одредена граница. Имаме премногу трки. Но ФИС не е тука за да спречи трки, туку да организира трки – рекол Каспер за „АП“.