Во 10-то коло од женската ракометна супер лига во дербито на колото ракометарките на Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на Металург со 38:27 (20:8) со што ја забележаа и десеттата победа во низа, со што и понатаму остануваат најсериозниот кандидат за освојувањето на првото место во есенскиот дел од домашното првенство.

Со вечерашната победа против еден од најсериозните противкандидати за освојувањето на шампионската титула, екипата на Металург ракометарките на Куманово ја продолжија успешната победоносна серија (десет од десет) со што и понатаму останаа еден од од најсериозните кандидати за освојување на шампионската титула за оваа натпреварувачка сезона.

Вечерашниот натпревар целосно помина во знакот на домашните ракометарки на Куманово кои што вечерва беа посебно мотивирани и расположени за игра а вечерашната победа ја најавија уште во првото полувреме кога остварија високо и
убедливо водство и позитива од дури + 12 гола разлика(20:8) па во продолжението со рутинска и тактичка игра на крајот стигнаа до висока победа од 38:27.

Што се однесува пак до гостинските ракометарки на Металург со оглед на досегашните добри резултати од нив на вечерашниот натпревар се очекуваше многу повеќе но тие вечерва во Куманово одиграа под очекувањата и не беа на висина на задачата па на крајот иако во продолжението малку го поправија лошиот впечаток од првото полувреме мораа со наведнати глави да ја напуштат спортската сала во Куманово.

Најефикасни ракометарки на вечерашниот натпревар кај победничката екипа на Куманово беа Медеа Чокели со 10 и Мила Трајковиќ со 6 голови додека пак кај екипата на Металург, Јана Калајџиевска со 11 и Биљана Дамческа со 4 постигнати голови.

Т.Д.