Од 20 до 2.700 долари ќе чинат билетите за следење во живо на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио во 2020 година. Највисока цена ќе имаат билетите за церемонијата на отворање и нивната цена ќе се движи од 108 до 2.700 долари. Максималната цена на влезниците за следење на финалните натпревар ќе изнесува 1.170 долари. Просечната цена на сите олимписки билети е 70 долари, а половината од билетите на ЛОИ ќе бидат продадени за 72 долари и помалку.
Најевтини се семејните и билетите за групи од Јапонија, како и за групи од училиштата што ќе чинат и помалку од 20 долари. Влезниците ќе се продаваат во 40.000 продавници во Јапонија и онлајн. Посетителите од странство билети ќе можат да купат со претходна посета на Јапонија за време на продажните акции или, пак, преку трето лице, туристички агент.