Наши известувачки од Келн:
Јасминка Павловска
Сузана Митревска
Неколку часа пред полуфиналниот меч на ракометниот Ф4 во Келн, меѓу македонскиот Вардар и шпанската Барселона, расположението во тимот на Вардар во хотелот „Радисон Блу“ е професионално подготвителен, додека во градот се случува вистински празник а ракометот.
Пред Ланксес арената навивачите на четирите тима што играат на Ф4, (Вардар, Барселона, Кјелце, Веспрем) како да ја „опколуваат“ арената, додека надвор се случува еден вид на традиционален германски пиво фест. Пивото се точи на повеќе пунктови, на сцената се менуваат разни групи, а македонските навивачи доаѓаат со препознатливата навивачка иконографија и победнички расположение за „Вардар“. Вистинската ракометна „акција“ денес го очекува Вардар против Барселона од 18 часот.