Патувајќи од Солун, преку Воден, Битола, денеска во Прилеп пристигнаа 15 велосипедисти од Србија во рамките на проектот „ По патеките на Солунците“, а по повод 100 години од пробивот на Солунскиот фронт.

Велосипедистите преку Здружението „Пријатели 72“ положија цвеќиња на спомен обележјето на Германските гробишта од Првата светска војна и им оддадоа почит на српските војници кои загинале во оваа војна.

Со оддавањето почест на предците велат од здружението „Пријатели 72“ сакаат да ја запознаат јавноста со степенот на страдање во Првата светска војна, но и дека тогаш постоеле велосипедски единици.

При тоа велосипедистите го посетија и храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп, во чиј подрум почиваат моштите на околу 3000 загинати спрски војници. Се смета дека оваа гробница е една од најголемите надвор од Србија во која почиваат мошти на загианти српски војници.

Отец Веле, в.д старешина на храмот ги запозна со историјата и со проектот за реконструкција и заштита на црквата.

Ка.М.