На теренот на скопскиот коњички клуб Бравадос, кој се наоѓа во Волково, утре со почеток од 8.30 часот, ќе одржи вториот „Јунски коњички турнир“, како и третото коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување на пречки со коњи за 2022 година, што секако ќе претставува ново уживање на љубителите на овој спорт.
Според календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија, на програмата се пет натпревари во прескокнување пречки и тоа во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0,70 до 1,25 метар.
Г.И.