По голема и неизвесна борба во натпревар од пет сета младите одбојкарки на Работнички-Скопје стигнаа до бронзениот медал на завршниот фајнал фор турнир во младинска конкуренција.
Тие во малото финале славеа победа со 3-2 во сетови (20-25, 25-15, 25-15, 18-25, 15-9) над Газели Волеј во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.


Пофални зборови за играта, борбеноста и пласманот на своите избранички истакна тренерот на Работнички Скопје, Јане Попов, кој посака подобар резултат и пласман во следната сезона.
– По тешката и напорна сезона што ја имавме со сениорската екипа во која носители на игра се девојките од младинскот состав и малку растроени од завршницата во таа конкуренција, мислам дека одигравме солидно и денес малку потешко од очекувањата дојдовме до третото место во завршницата. Како стручен штаб задоволни сме од резултатот и пласманот на завршниот турнир. Ова е комбиниран состав со кадетки кои не тренираат заедно, така да верувам дека за наредна сезона ќе остане истата екипа и со напорна и посветена работа ќе целиме кон подобар и повисок пласман – изјави тренерот на Работнички Јане Попов.