Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, денес победи на трката за ГН на Австралија и го освои својот 80-ти подиум во кариерата.
Двократниот шампион во Формула 1 се израмни по број на подиуми во Формула 1 со трикратниот носител на титулата Аиртон Сена. Верстапен и Сена се изедначени за седмото место во оваа статистичка категорија.
Тимот на Ред Бул за кој настапува Верстапен, за прв пат во историјата на Ф-1 победи на првите три трки од сезоната.
Последен пат Ред Бул победи во Мелбурн во 2011 година благодарение на Себастијан Фетел.