Првиот спринт во Формула 1 во 2022 година возен денес во Имола му припадна на Макс Верстапен од Ред Бул. Холанѓанецот 21 круг помина со време 30 минути 39 секунди и 567 стотинки.
Второто место го освои Шарл Леклер од Ферари со заостанување од 2,975 секунди.
Серхио Перез од Ред Бул заврши како трет со 4,721 секунди поспоро време зад клупскиот колега.
Од четвртото до десеттото место се пласираа: Карлос Сајнц, Ландо Норис, Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Кевин Магнусен, Фернандо Алонсо и Мик Шумахер.
Спринтот го одреди стартниот редослед на утрешната главна трка за Големата награда на Емилија-Ромања. Почетокот на трката е во 15 часот.