Второлигашот Вардар жени 2019 го комплетираше осминафиналното друштво во Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако со 3:0 (25:12, 25:11, 25:16) се радуваше против Универзитет во Тетово, во последниот дуел од претколото.
„Вардарки“ ја оправдаа фаворитската улога и покрај тоа што натпреварот во договор меѓу екипите беше одигран на теренот во Тетово.
Од претколото пласман во следната фаза од куп-натпреарувањето покрај Вардар жени обезбедија и Фламинго Волеј и Форца Волеј ЕМА, како и дебитантите Борец жени, Ново Село и Виола Волеј. Тие им се приклучија на прволигашките екипи кои имаат директно место во осминафиналето, а според пласманот од есенскиот дел на сезоната дефиниран е и изгледот на паровите од следната фаза.
Во осминафиналниот меч, кој ќе се игра на 18. февруари бранителот на куп-титулата Наковски Волеј ќе го пречека Борец жени, Работнички Скопје се соочува со Ново Село, Газели Волеј за противник ја има Виола Волеј, додека Младост УГД игра со Форца Волеј ЕМА. Шампионот Јанта Волеј КВ ќе ги измери силите со Вардар жени 2019, Пелистер Волеј ќе се „судри“ со Фламинго Волеј, додека последните две двојки ги сочинуваат прволигашки екипи, односно Струмица жени игра со Ускана, како и скопското дерби Вардар ЕМ со Фит Фан Волеј.
Победниците од овие натпревари ќе обезбедат пласман во четвртфиналето од Купот на ОФМ 2026 жени.
КУП НА ОФМ 2026
ОСМИНАФИНАЛЕ (18.02.2026)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – БОРЕЦ ЖEНИ
РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – НОВО СЕЛО
ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ – ВИОЛА ВОЛЕЈ
МЛАДОСТ УГД – ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – ВАРДАР ЖЕНИ 2019
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ
СТРУМИЦА ЖЕНИ – УСКАНА
ВАРДАР ЕМ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ


































