Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои фјучерс-турнирот во Коксејде, Белгија, во конкуренција на двојки. Наградниот фонд на турнирот што се игра на земјена подлога изнесува 25 илјади долари.
Ѓорческа и Украинката Валерија Страхова (втори носителки) во финалето беа подобри од првите фаворитки Валентини Граматикопулу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија) со 6-4 и 6-4 по сетови.
Ова е втор освоен турнир во двојки за Ѓорческа и за Стахова годинава, откако беа славеа и во Телави, Грузија.