Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ преку социјалните мрежи порача дека самодовербата е важна работа која треба да се негува секојдневно.
Тој на Твитер напиша: „Верувај во себе секој ден“.
Србинот од понеделник повторно ќе биде број 1 светски тенисер.
Враќањето на врвот на АТП ранг листата што го направи Ѓоковиќ е голем подвиг, ако се има вo предвид фактот дека пред само пет месеци се наоѓаша на 22.место. Оттогаш победи на два Грен слем турнира (Вимблдон и УС Опен), а ги освои и Мастерсите во Шангај и Синсинати.
Попладнево Србинот игра осминафинален меч на Мастерсот во Париз, против Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина.