Најдобриот светски тенисер моментно, Новак Ѓоковиќ, е дисквалификуван од гранслем турнирот САД опен, откако случајно погоди линиска судијка со топче, во првиот сет од осминафиналето со Пабло Карењо-Буста.
Србинот по загубен сервис гем при резултат 6-5 за противникот, удри топче кое заврши во вратот на судијката, на која потоа и беше потребна медицинска помош.
Ѓоковиќ беше дисквалифукуван како што налагаат правилата за таков престап, и покрај убедувањето со организаторите на турнирот и извинувањето кон судијката.
Карењо-Буста во четврт-финалето ќе игра против подобриот од дуелот Денис Шаповалов – Давид Гофан.