Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Париз, откако во полуфиналето го победи Роџер Федерер со 7:6 (8:6), 5:7, 7:6 (7:3).
Ѓоковиќ дојде до 25-тата победа против Швајцарецот во меѓусебните дуели и за титулата во „градот на светлината“ ќе се бори со Карен Хачанов, кој беше подобар од Доминик Тим.
Воедно, Ѓоковиќ против Федерер дојде до 22 врзана победа.