Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, утре со почеток во 9.30 часот, коњичкиот клуб Вивакс од Скопје, на терените во Волково, ќе го одржи четвртиот „Јулски коњички турнир”, како и петтото коло од Отвореното државно првенство во прескокнување на пречки за 2021 година.
На програмата се четири натпревари во прескокнување на пречки, во класите А, Б, Ц и Д, со висина на поставените пречки од 0,90 до 1.20 и 1,30 метри.
Г.И.