Гркот Стефанос Циципас го освои трофејот на АТП турнирот во Марсеј, Франција.
Во финалниот меч одигран попладнево, Циципас го победи претставникот на Казахстан, Михаил Кукушкин со 2-0, по сетови 7:5 и 7:6.
Мечот траеше 2 часа и 1 минута.
На тој начин Циципас ја оправда улогата на фаворит, тој беше прв носител на турнирот.
Наградниот фонд на АТП турнирот во Марсеј изнесуваше 668,485 евра.