Швајцарскиот тенисер Роже Федерер истакна дека е задоволен од победата над Жил Симон од Франција во четвртфиналето на турнирот во Базел.
– Жил секогаш се враќа во игра, но сепак пронајдов начин да го победам и поради тоа сум среќен. Навистина уживав во натпреварот. А играњето пред домашна публика дополнително ме мотивираше. Кога публиката почувствува дека имам криза во играта ме поддржа – наведе Федерер.
Тој го совлада Симон со 7:6, 4:6, 6:4, а во меѓусебните дуели сега швајцарскиот тенисер води со 7-2.
Федерер во полуфиналето ќе се соочи со рускиот тенисер Данил Медведев.