Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах открил дека постои можност Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио целосно да бидат откажани. Поради коронавирусот ИОК ги одложи Игрите за 2021 година. Бах потврдил дека доколку од некоја причина ЛОИ не се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година тогаш ќе бидат целосно откажани.
Томас Бах сепак се надева дека ЛОИ во Токио „ќе испратат порака на солидарност низ целиот свет“ и дека на Игрите „ќе биде прославена победата против коронавирусот.
„Не постои план за вакво сценарио, смислуваме разни планови од ден во ден. Напорно да правите нешто такво, но во исто време е и фасцинантно“, порачал Бах за Би-би-си.
Првиот човек на ИОК рекол дека ја разбира изјавата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе дека наредното лето е последна шанса Јапонија да ги организира Игрите.
– Искрено го разбирам премиерот Абе. Не можете засекогаш да имате од 3.000 до 5.000 вработени во Организациониот комитет. Не можете константно да ги држите спортистите во неизвесност. Не можете да ги смените плановите на секој спорт во светот – рекол Бах.