ИААФ потврди дека Светското првенство во атлетика во сала во Нанџинг, Кина е одложено за 2021 година поради епидемијата со коронавирусот во оваа земја.
– Со жалење потврдуваме дека во согласност со организаторите на Светското првенство во сала во Нанџинг од 13 до 15 март 2020, одлучивме да го одложиме турнирот за март 2021 година. Знаеме дека Кина прави сè што е возможно да се бори против вирусот, но потребно е нашите спортисти и федерации да се безбедни и сигурни – се вели во соопштението на ИААФ.