Тениската репрезентација на САД е првиот полуфиналист во Дејвис купот, неофицијално светско тимско првенство во тенис за мажи.
Рајан Харисон и Џек Сок забележаа клучна трета победа за Американците во парови против Жил и Флиген 5:7, 7:6 (1), 7:6 (3), 6:4 и со тоа поведоа со 3:0 против Белгија.
Харисон и Сок го загубија првиот сет, но потоа направија пресврт во резултатот по два тајбрејка, а во четвртиот го затворија натпреварот по 6:4.
Американците се квалификува за полуфиналето за Дејвис купот за првпат од 2012 година наваму. Во меч за место во финалето во септември САД ќе се сретне со Хрватска или Казахстан.