Македонската џудистка Арбреша Реџепи го заврши настапот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио откако загуби од Британката Челси Гил во првото коло, во категоријата до 52 килограми.
Реџепи беше поразена со ипон во борбата што траеше нешто помалку од минута.
Пред Реџепи во Токио настапија и Бојан Бранковски кој постави нов национален рекорд завршувајќи на 21-то место во квалификациите во стрелаштво со воздушен пиштол на 10 метри, додека пливачот Филип Деркоски беше последен во квалификациите на 400 метри слободно.