Претседателот на џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ), Владимир Трпаноски, учествува на изборниот конгрес на Меѓународната џудо федерација во Будимпешта, на кој денес ќе биде избран новиот претседател на ИЏФ.
Од свое лично име и од името на џудо федерацијата, доцна синоќа претседателот Трпаноски му го честиташе изборот на Влад Маринеску, кој на вчерашниот состанок на извршниот комитет беше назначен за нов генерален директор на светската џудо федерацијата.