Најголемата благодарност оди за човекот што одлучи да биде револуционер и да постави жена претседател на клуб, господин Минчо Јорданов, како и за мојот тим, момците со големо срце, кои ме следат на овој пат и кои се мојата најголема поддршка и гордост. Признанието ми значи премногу, затоа што е награда за 2019 година, која беше напорна, но и успешна, и бидејќи доаѓа од организација што постојано ги следи спортските работници и нивните достигнувања. Металург заслужува да биде на врвот во секоја конкуренција, затоа наградата ќе ми биде мотив уште похрабро и попосветено да продолжам да чекорам по ракометниот пат, како единствена жена претседател на машки клуб во ИХФ, рече Блажевска
Металург заслужува да биде на врвот во секоја конкуренција, затоа наградата ќе ми биде мотив уште похрабро и попосветено да продолжам да чекорам по ракометниот пат, вели претседателката на ракометниот клуб Металург, Зорица Блажевска, која ја доби наградата за најуспешна спортска менаџерка на манифестацијата „Вечер за жените во спортот“.
– Признанието за најдобра спортска менаџерка во овој момент ми значи премногу, затоа што е награда за 2019 година, која беше напорна, но и успешна, и бидејќи доаѓа од организација што постојано ги следи спортските работници и нивните достигнувања. Металург годинава ја заврши успешно, со освоен меѓународен турнир и, по шест години, освоен Куп на Македонија. Сметам дека досега сите предизвици на мојот пат се успешно остварени – истакна Блажевска.
Таа упати голема благодарност до сопственикот на клубот Минчо Јорданов и до ракометарите на Металург.
– Најголемата благодарност оди за човекот што одлучи да биде револуционер и да постави жена претседател на клуб, господин Минчо Јорданов, како и за мојот тим, момците со големо срце што ме следат на овој пат и кои се мојата најголема поддршка и гордост. Најголемиот товар од оваа функција го понесоа моите блиски, моето мирно море и затоа сум им бескрајно благодарна. Металург заслужува да биде на врвот во секоја конкуренција, затоа наградата ќе ми биде мотив уште похрабро и попосветено да продолжам да чекорам по ракометниот пат, како единствена жена претседател на машки клуб во ИХФ – порача Блажевска.
Прославената ракометарка Индира Кастратовиќ ја доби наградата за животно дело, а признанија добија и Миа Тодорова (кикбокс/најнадежна спортистка), Ива Пројковска (фудбал/најдобра судијка), Жаклина Стојановска (кошарка/најдобар женски тренер), Анета Глигорова (најголем придонес во училиштен спорт), Сара Дураку (атлетика/најдобра спортистка со попреченост), Наташа Андонова (фудбал/најдобра спортистка во колективен спорт), Адријана Поп Арсова (атлетика/најдобра спортистка) и Тина Несторовска (велосипедизам/спортски подвиг на годината).