Одложен е „Златниот гонг“

БОКС

Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), вчера одлучи да го одложи одржувањето на јубилејното 50-то издание на боксерската манифестација „Златен гонг 2020“, поради пандемија на коронавирусот.
– Нашата цел беше годинава да го организираме „Златниот гонг“ достојно со квалитетни боксери од Европа и од светот, во согласност со јубилејот. Но невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков настан и, за жал, принудени сме да го одложиме за следната година. Сметам дека ова е исправна одлука, оти оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво – изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.