Природните системи за ладење со јаглерод диоксид ќе се користат во поголемиот дел од салите каде ќе се одржуваат спортови на мраз на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг во 2022 година, одлучи Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Според ИОК, вој чекор ќе го намали јагледодниот отпечаток на ЗОИ 2022.
Оваа технологија за првпат ќе се користи во Кина, односно на олимписките игри, пришто значајно ќе се намалат емисиите на јаглерод, еднакви безмалку на оние од 3.900 автомобили. За споредба, слично намалување на емисиите на јаглерод би можело да се оствари со засадување на 1.200.000 дрвја.
– Оваа голема одлука би можела многу да помогне со прашањето за климатските промени, и во Кина, но и на глобално ниво. Ние сме задоволни на блиската соработка помеѓу ИОК и огранизаторите на ЗОИ во Пекинг, како и од значајните резултати од неа – рече Хуан Антонио Самаранч, претседател на Комисијата за координација за ЗОИ 2022.