Ракометарот Стојанче Стоилов и каратистката Пуликсенија Јованоска се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во 2019 година, во традиционалниот избор во организација на Агенцијата за млади и за спорт (АМС).
Во другите категории, признанија добија одбојкарската репрезентација (за најдобар машки тим), ракометната селекција (за најдобар женски тим), Ракометната федерација на Македонија (најуспешната спортска федерација), Сашко Арсовски (најдобар селектор), Оливера Наковска-Бикова (најдобар спортист на лице со инвалидитет), Бесир Алили (најдобар млад спортист), Миа Тодорова (најдобра млада спортистка), карате-тимот во состав Ангела Мојсовска, Симона Заборска, Моника Пендаровска и Сара Радичевска (универзитетски спорт), „Никола Карев“ – Скопје (средно училиште) и „Видое Подгорец“ – Струмица (училиштен клуб). Одбојкарот Никола Ѓоргиев доби признание за посебни достигнувања во спортот.