Македонскиот пливачки олимпиец од Лондон 2012 и од Рио 2016 година, Марко Блажевски, постави нов државен рекорд на 100 метри градно, 1:02,88 минути, во утринските квалификации на митингот во Бањалука, БиХ.
Стариот рекорд кој изнесуваше 1:03,00 минути, беше на Блажевски.
Попладнево тој ќе плива во финалето на 100 метри градно, а утре на пократката патека, на 50 метри градно.
Л.Д.