Одбојкарската репрезентација на Македонија загуби од Русија 0-3 (15-25, 13-25 и 18-25 по сетови) во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство.
Фаворизираниот противник сервираше одлично, со што стигна до убедлив триумф за нешто помалку од еден час игра.
Капитенот Никола Ѓоргиев повторно беше најефикасен кај Македонија со девет поени, додека Александар Љафтов забележа шест поени.
Македонија го заврши настапот на Еврпското првенство без ниту една победа и со два освоени сета во петте одиграни натпревари.