Во трките на пет и на 10 километри ќе настапат тркачи од 10 земји. Македонија ќе ја претставуваат 10 скијачи, предводени од олимпиецот Ставре Јада
На патеката Мирна долина во Маврово, од понеделник до среда ќе се одржи 57-от Мавровски меморијал во скијачко трчање (трки на пет и на 10 километри), во чест и во спомен на 38-те градители на мавровскиот електросистем и на 14-те граничари, кои ги загубија животите во снежната лавина во 1956 година.
На годинашниот Мавровски меморијал, покрај македонските скијач(к)и, ќе настапат и натпреварувачи од уште девет земји, и тоа од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција, Бугарија, а првпат и од Швајцарија и од Русија. Македонија ќе ја претставуваат 10 скијачи, предводени од најдобриот, олимпиецот Ставре Јада.
Агенцијата за млади и спорт на Македонија, како и претходните години, финансиски и логистички ќе ја помогне организацијата на оваа традиционална манифестација, која првпат се одржа во далечната 1962 година. Натпреварите ќе ги пренесува ТВ 24.