ПЛИВАЊЕ – ЕП ВО БУДИМПЕШТА
Рускиот пливач Климент Колесников (20) се закити со злато на 50 метри грбно на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта, притоа постигнувајќи време од 23,80 секунди, што е нов светски рекорд.
Тој во полуфиналето на ова ЕП постигна време од 23,93 секунди, со што во тој миг стана првиот пливач што ја испливал оваа делница побрзо од 24 секунди. Стариот светски рекорд (24 секунди), од ЕП 2018 во Глазгов, исто така беше во негова сопственост.
Британецот Адам Пити беше прв на 100 метри градно (57,66 секунди), Италијанката Симона Квадарела стана шампионка на 800 метри слободно (8:20,23 минути), додека Французинката Мари Вател и Гркинката Ана Дудунаки го поделија златото на 100 метри делфин (57,37).
Холанѓанецот Раноми Кромовиџојо беше најдобар на 50 метри слободно (23,97), а во мешаната штафета 4х200 м слободно славеше Велика Британија (7:26,67).