ШАХ- ИНТЕРНЕТ-СЕРИЈА НА ШАМПИОНИТЕ, ФИНАЛЕ
Светскиот шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен го задржа водството и по петтото коло на финалниот турнир од интернет-серијата во забрзан шах, „Турнир на шампионите“, со 26,5 поени, иако загуби во четвртото коло од Русинот Владислав Артемиев, со 1-3. На финалниот турнир за сезоната 2020/2021 играат десет шахисти, од кои осум се победници на индивидуалните турнири од серијата, а двајца се со покана (Јан Кшиштоф Дуда и Максим Вашер-Леграв), и за разлика од другите турнири, не се игра според нокаут-систем, туку секој со секого. Победа носи три поени (поразениот нула), а победа по тајбрејк два поена (еден за поразениот). Финалниот турнир е со награден фонд од 300.000 долари, победникот ќе добие 100.000.
Табела по петтото коло: Карлсен 26,5, Со 21,5, Аронијан и Раџабов по 15, Накамура 12, Артемиев и Вашер-Леграв по 11,5, Гири 10,5, Мамеѓаров 5,5, Дуда пет бода.