Карлсен (лево) и Каруана

Актуелниот светски шаховски првак Магнус Карлсен (рејтинг 2.843), го победи претендентот за тоа место, Американецот Фабиано Каруана (2.822), во 1-то коло на силниот турнир во норвешкиот град Ставангер во девет кола.

Каруана се предаде во 77-от потег откако, несвојствено за него, направи дури 10 непрецизни потези и во дамска завршница остана со три пешаци помалку. Играта траеше подолго од очекуваното, а беа одиграни дури 15 потези откако Карлсен имаше три пиони повеќе на таблата,

– Сигурен сум дека ќе победев и порано, но тој продолжи да се бори. Секако, Имав и посилни потези, но не успеав да ги најдам. Јас само сакав да играм на сигурно и да забележам победа – рече Карлсен по партијата.

Нивниот меѓусебен скор сега изнесува 10 победи за Карлсен, пет за Каруана и 17 ремија. Мечот за титулата светски првак треба да се игра во ноември во Лондон.

Г.И.