Франческо Гетини од Италија е победник на 32. Охридски пливачки маратон.
На целта натпреварувачите ги пречка претседателот Ѓорге Иванов, кој му честиташе на победникот.
Дваесет и пет километарската трка ја почнаа 30 натрпеварувачи во машка и женска конкуренција, од кои двајца се откажаа некаде на половина, во близина на Трпејца.
Стартот го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001 до 2004. Во 2005 година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија.