Стојанчо Димковски

Велемајсторите (ВМ) Влатко Богдановски и Звонко Станојоски водат со по четири поени по 4-то коло на Отвореното првенство на Македонија во шах (девет кола), што се игра во Скопје. Богдановски во дербито на првата табла го совлада својот соиграч од ШК Алкалоид и прворангиран на првенството, интернационалниот мајстор (ИМ) Филип Панчевски, а Станојоски беше подобар од Горан Милиќ.

Пријатно изненадување приреди младиот Стојанчо Димковски (1.863, рангиран 31-ви пред турнирот), кој успеа со црни фигури да ремизира со поискусниот, ФМ Роберт Велески (2.211, рангиран 10-ти), откако во возбудлива партија под заканата на неговиот Д-пешак да се промовира во нова кралица, го принуди противникот на реми со вечен шах и моментно има 2,5 поени..

На првенството за награден фонд од 240.000 денари (за победникот 60.000), играат 71 учесник (двајца ВМ, тројца ИМ, деветмина ФМ) и има квалификациски карактер, па шестемина најдобри стекнуваат право за настап на Затвореното првенство на Македонија за 2019 година, со вкупно 10 шахисти. Г.И.


Позначајни резултати од четвртото коло

ВМ Богдановски (2.390) – ИМ Панчевски (2.495) 1-0, ВМ Станојоски (2.447) – Милиќ (2.233) 1-0, Ристески (2.068) – ИМ Николовски (2.395) 0-1, ФМ Кралевски (2.112) – ИМ Данчевски (2.346), реми, ФМ Лазов (2.335) – ФМ Качаковски (2.042) реми, ФМ Хаџи-Манев (1.982) – ФМ Андоновски (2.287) 0-1, ФМ Динев (2.248) – ФМ Константинов (2.080) реми, ФМ Велески – Димковски (1.863) реми, Тевдовски (1.850) – Главинац (2.126) 0-1, Стојмановски (1.871) – Тркаљанов (2.125) 1-0 итн.