Дејан Георгиевски ќе се бори за златен медал откако се пласира во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо во Токио.
Македонскиот репрентативец го совлада Дон Кио Ин од Јужна Кореја со резултат 12-6 во полуфиналната борба. Георгиевски на тој начин го обезбеди првото одличје за Македонија на тековните Летни олимписки игри.
Тој ќе се бори за злато против Русинот Владислав Ларин во 14.45 часот со пренос на МТВ.