Претставниците од македонските џудо клубови имаа прилика да ги слушнат искуствата на истакнатите имиња на овој спорт, Србите Светозар Отиќ и Владан Гачиќ, на стручниот семинар за џудо тренери и џудо судии што се одржа викендов во Прилеп.
Интернационалниот судија Отиќ и тренерот и интернационален судија Гачиќ го водеа семинарот на кој учествуваа околу 50 спортски работници – тренери и судии од сите клубови кои се членки на Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ).
Семинарот за обновување на лиценците за натпреварувачката 2020 година беше организиран од ЏФМ.
.