Шпанскиот тенисер, Фернандо Вердаско, е уверен дека со добра игра има шанси да го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на „Ролан Гарос“.
– Ѓоковиќ не е на она ниво на кое беше изминатите неколку години. Меѓутоа, во Рим играше подобро, а и на неколку натпревари подоцна. Ќе биде тешко против него. Ќе се обидам да бидам фокусиран и да го повторам нивото на игра што го покажав против Димитров. Во тој случај мислам дека имам шанси – истакна Вердаско.
Во претходното коло шпанскиот тенисер со максимален резултат го совлада четвртиот носител на турнирот Бугаринот Григор Димитров.