ФМ Љубомир Хаџи-Манев (десно) ја прима парична награда од организаторот

Македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ), Роберт Велески (2.211 рејтинг-поени), го освои 20-то место на 32-от меѓународен шаховски турнир „Трофеј Белград“, во конкуренција на 138 шахисти од 12 држави (9 ВМ, 2 ЖВМ, 8 ИМ, 18 ФМ и 1 КМ). По девет изминати кола, Велески, кој пред почетокот беше рангиран 34-ти освои шест поени (шест победи и три порази), но и нови 23,2 рејтинг-поени.

Вториот македонски претставник на овој турнир, искусниот ФМ Љубомир Хаџи-Манев (1.982, рангиран 77-ми), заврши на 65-то место со 4,5 поени (три победи, три ремија и три порази), со што заработи 18,4 нови рејтинг-поени, но и парична награда од 30 евра за втор најуспешен шахист на овој турнир со рејтинг до 1.999 поени.

Првото место го освои 17-годишниот интернационален мајстор (ИМ) од Србија, Михајло Радовановиќ (2.466, рангиран 5-ти) со седум поени, колку што имаа уште петтмина шахисти, но со послаби дополнителни критериуми. Прворангиран беше ВМ од Босна, Денис Кадриќ (2,554), кој го освои четвртото место.

Г.И.