Рауф Мамедов

Азербејџанскиот велемајстор (ВМ) Рауф Мамедов (2.739 рејтинг-поени), води по 7-то коло (од предвидените 13) на 31. Европско поединечно првенство (ЕП) во забрзан шах, што се одржува во х. „Александар палас“, во Скопје, во конкуренција на 409 шахисти (64 ВМ, 3 ЖВМ, 48 ИМ, 9 ЖИМ, 40 ФМ, 5. ЖФМ) од 37 држави.

По денешните 7. кола, Мамедов, кој е рангиран втор на ова ЕП, има 6,5 поени, втор е шпанскиот ВМ Давид Гуијаро (2.708, рангиран 5-ми), со 6 поени,, а трет ВМ од Русија Андреј Есипенко (2.643, рангиран 13-ти) исто така со 6 поени, колку што имаат уште четворица шахисти, но со послаб дополнителен критериум.

Засега најуспешен македонски шахист од вкупно 106-те, е ВМ Трајко Недев (2.433, рангиран 69-ти), кој со 5,5 поени е на 26-то место.

Според распоредот, утре (11 ч.) ќе се одиграат преостанатите 6 кола (темпо на размислување двапати по 15 минути, плус 10 секунди за секој одигран потег), за награден фонд од 21.950 евра (за првакот 4.000).

Г.И.